Министерот за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс изјави во вторникот дека нарушувањето на правата на хомосексуалците може да стане основа за добивање политички азил во Холандија, пренесува Дојче Веле.
Во обраќањето до парламентарците, Тимерманс изјави дека постојниот закон во Русија против геј-пропагандата дискриминира и „создава благопријатни услови за развој на хомофобијата.“
Фактите за нечовечко однесување и нарушување на основните права на човекот кон хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците кои живеат во Русија може да послужат како основа за давање азил на жртвите на хомофобија, подвлече шефот на МНР на Холандија.
Тој укажа дека Амстердам и понатаму ќе продолжи да го насочува вниманието на меѓународната јавност кон условите на ЛГБТ-заедниците во Русија и ќе настојува на развој на меѓународен дијалог на таа тема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче