Суперсовремен систем за навигација ќе им помогне на странските туристи да се ориентираат во Москва. Оваа концепција ќе биде реализирана во следниве две-три години, изјави за РИА Новости шефот на комитетот за туризам и хотелиерство на Москва, Сергеј Шпиљко.
„Во моментов со англиски специјалисти се создава суперсовремен концепт за навигација во Москва, со која се предвидува мултијазичност. Системот ќе има современ дизајн, ќе биде ефективен и удобен дури и за самите московјани. Тој ќе вклучува во себе 40 различни видови конструкции, пред сѐ пилони со карти. Овој систем ќе се развие и во метро системот на градот, каде ќе има електрични натписи, системи за ориентирање на станиците. Кога туристот ќе излезе од вагонот во метрото, пред него ќе се појави карта на реонот каде се наоѓа, а на картата ќе бидат обележани сите места кои вреди да се посетат, како и карта на јавниот транспорт во тој реон“, изјави Шпиљко.
Претходно беше објавено дека Москва го надмина бројот од пет милиони туристи. Во 2012 имало за 16% повеќе туристи од 2011.
Најмногу туристи во Москва дошле од Германија: во 2012 година од Германија дошле 332.000 туристи, од Кина - 269.000, а од Франција - 146.000.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче