Никарагва планира да купи од Русија автобуси и камиони за отпадоци, изјави шефот на националниот Институт за регулирање на транспортот, Франциско Алварадо.
Според неговите зборови, кои ги пренесува ИТАР-ТАСС, Манагва планира да купи од Русија 31 автобус „КАВЗ-4235/38“, а исто така 25 микроавтобуси «ПАЗ-3206». Освен тоа, во државата постои потреба од 60 камиони за отпадоци кои властите се надеваат дека ќе ги земат со попуст.
„Никарагва секоја година ќе купува од Русија по 500 автомобили ’Лада’“, изјави Алварадо. Во исто време, тој изјави дека сака од Русија да добие без надокнада партија автомобили опремени за потребите на брзата помош.
Според зборовите на претставникот од Никарагва, во последниве четири години Никарагва купила од Русија транспортни средства за 31,8 милиони долари, и добила подарок од Русија во истиот период во вредност од 30 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче