Морнарите од Русија и Италија ќе земат учество во вежбите „Јониекс-2013“

Руско-италијанските воени вежби на море „Јониекс-2013“ ќе се одржат од 5 до 9 ноември кај бреговите на Италија, пренесе за новинарите началникот на одделот за информации на Црноморската флота, капетанот Вјачеслав Трухачев.

Воено-морската флота на Русија на вежбите ќе учествува со бродот „Сметлив“.

Планот за вежбите е разработен за време на билатералната конференција која се одржа во почетокот на овој месец во Таранто, Италија.

Вежбите „Јониекс“ се одржуваат од 2004 година и станаа традиционални во рамките на воената соработка меѓу воено-морските сили на Русија и Италија. Нивна основна цел е подобрување на заемното дејство во заедничките воено-морски операции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња