Познатиот шахист и опозиционер во Русија, Гари Каспаров, побара државјанство од латвискиот сејм.
Како што пренесува весникот „Делфи“, повикувајќи се на претседателот на комисијата за одбрана, внатрешни работи и спречување корупција, Ајнар Латковскис, Гари Каспаров побарал да му се даде државјанство на Република Латвија „за посебни заслуги“. Притоа, шахистот нема да се откаже од руското државјанство.
Во писмото кое го добија речиси сите фракции во латвискиот парламент, Каспаров изјави дека „неговиот живот уште од младоста е поврзан со Латвија“ и државјанството ќе му дозволи „без ограничувања да се занимава со политичка дејност во име на демократијата, мирот и правдата“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче