Економијата на Русија нема да може да ги постигне темпата на раст кои ги имаше пред кризата во следните неколку години: во следната година таа ќе порасне за 1,9%, во 2014 година - 3%, а во 2015 година - до 3,4%, се кажува во економската прогноза на Европската комисија.
Според официјалната прогноза на руските власти, БДП на Русија годинава ќе порасне за 1,8%, во 2014 година - за 3%, а во 2015 година - за 3,1%.
„И покрај тоа што темпото на раст, според прогнозите, ќе забрза од 1.9% во 2013 до 3% во 2014 година и 3,4% во 2015 година, економијата на Русија ќе расте забележително побавно отколку во периодот од 2003 до 2007 година, кога таа растеше во просек по 7,5% годишно“, се забележува во документот.
Притоа, аналитичарите на Европската комисија гледаат ризици од намалување на прогнозата, и покрај благопријатните цени на нафтата, бидејќи постигнувањето на тие темпа на раст бараат брзи и забележителни подобрувања во бизнис-средината.
Внатрешната побарувачка во Русија, како и нивото на невработеноста остануваат на историски ниско ниво (5% во септември годинава). Европската комисија предупредува дека невработеноста во Русија бавно ќе расте во следниве години: 5,4% во 2013, 5,9% во 2014 и 6,4% во 2015 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче