Обновениот обелиск, подигнат во чест на 300-годишнината од династијата Романови, откриен е на Денот на народното единство во Александриската градина, веднаш покрај ѕидините на московскиот Кремљ.
За време на свеченоста присуствуваа патријархот московски и на цела Русија, Кирил, шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, министерот за култура, Владимир Медински, како и претставници на јавноста.
Обновениот обелиск е идентичен на оној кој во 1914 година беше поставен во чест на 300-годишнината на династијата Романови. Претходниот обелиск беше срушен од советските власти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.