Пушков: Целта на САД е глобална шпионажа

САД создаде развиен систем за сеопфатна шпионажа, смета Алексеј Пушков, шеф на комитетот при Државната дума за меѓународни работи.

САД создаде развиен систем за сеопфатна шпионажа, смета Алексеј Пушков, шеф на комитетот при Државната дума за меѓународни работи.

Според зборовите на Пушков, шефот на американската разузнавачка служба, Џејмс Клепер, призна дека во Америка системот за шпионажа достигнал такви размери, што дури не може да се спореди со било која друга земја. Во Националната безбедноста агенција работат 35.000 луѓе, а официјалниот буџет на оваа институција изнесува 11 милијарди долари, додава шефот на комитетот за меѓународни работи.

„САД создаде систем за глобална шпионажа и е единствена земја на светот која има такви цели“, напиша Пушков на својот микроблог на Твитер. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.