Последната партија уран во рамките на програмата „Мегатони во мегавати“ ќе биде испратена од Русија во САД во средината на ноември од пристаништето во Санкт Петербург. Се очекува за еден месец пратката да пристигне во Балтимор, САД.
„Со нетрпение го очекуваме денот кога заедно ќе го прославиме тој успех“, изјави од говорницата во ООН Роуз Готемелер, заменик на државниот секретар на САД, задолжена за прашања околу разоружувањето. Според нејзините наводи, нискообогатениот уран, добиен во Русија преку демонтирање на нуклеарни боеви глави, обезбедува 10% од севкупната електрична енергија произведена во САД, и околу половина од она што произведуваат нуклеарните централи. Во апсолутни бројки тоа е повеќе од 7 милијарди киловат-часови. вкупните приходи на Русија од оваа испорака ќе бидат околу 17 милијарди долари.
Договорот „Мегатони во мегавати“ е потпишан во 1993 година. Според тој договор, Русија се согласи да преработи 500 тони уран добиен од бомбите и ракетите, односно од боевите глави, што е еднакво на околу 20.000 специјални убојни средства од тој тип. Американците, пак, од своја страна се обврзаа тој материјал да го преземат, пласираат на пазарот, да платат и да го употребат во своите реактори за производство на електрична енергија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче