Во Русија три дена без виза за жителите од 20 држави

Транзитните туристи од 20 држави можат да се наоѓаат на територијата на Русија без виза.

Транзитните туристи од 20 држави можат да се наоѓаат на територијата на Русија без виза. Тоа се однесува за жителите на Германија, Кина, САД, Велика Британија, Шведска, Италија, Франција, Шпанија, Република Кореја, Јапонија, Полска, Канада, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Финска, Сингапур, Австралија и Грција. Притоа, туристите од овие држави треба да дојдат во Русија со авион и да имаат со себе пасош, резервиран хотел и медицинско осигурување.

Во проектот на законот се укажани и аеродромите преку кои туристите можат да влезат во Русија без виза во рок од три дена. Тоа се московските Шереметјево, Домодедово, Внуково, петербуршкиот Пулково, аеродромот во Казањ, Кневичи во Владивосток, Кољцово во Екатеринбург, Храброво во Калининград, новосибирскиот Толмачево, Адлер-Сочи и Хабаровск.

Експертите сметаат дека ваквите мерки ќе го зголемат притокот на туристи во Русија до 60%, што може да ѝ донесе на државата плус 350 милиони евра приход годишно, забележува ИТАР-ТАСС. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња