Путин ќе ја посети изложбата „Православна Русија. Романови“

Претседателот на Русија на 4 ноември ќе учествува во прославата на Денот на народното единство, пренесено е на конференцијата за печатот во Кремљ.

Претседателот на Русија на 4 ноември ќе учествува во прославата на Денот на народното единство, пренесено е на конференцијата за печатот во Кремљ. Путин ќе положи венец на споменикот на Кузма Минин и Дмитриј Пожарски на Црвениот плоштад, а потоа заедно со Патријархот Московски и на цела Русија ќе ја посети интерактивната изложба „Православна Русија. Романови“, посветена на 400-годишнината на царската династија.

Празникот на Денот на народното единство е посветен на случувањата од 1612 година, кога во народно востание, предводено до Минин и Пожарски, Москва била ослободена од полската воена интервенција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња