Миграциската служба на Русија сака да ги укине книжните лични карти од 2016 година

Федералната миграциска служба на Русија предлага од 2016 година целосно да се прекине со печатењето на книжни лични парти, со што истите ќе бидат заменети со Универзалната електронска картичка, на која ќе има фотографија и чип. Претходната варијанта на законскиот проект предвидуваше транзициски период до 2025 година, но сега чиновниците предлагаат да го скратат тој период.

„После стапувањето во сила на овој федерален закон за издавање на лични карти на граѓаните на Руската Федерација, личната карта која постои во овој, денешен вид ќе престане да важи“, се кажува во законскиот проект.

Издавањето на личните карти во нивната стара варијанта ќе продолжи до 2016 година, а притоа издавањето на новите лични карти ќе започне половина година порано - од средината на 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња