Потпретседателот на Сојузот за професионален бокс на Русија, бизнисменот Андреј Рјабински, доби понуда во Москва да се одржи мечот меѓу поранешните апсолутни прваци во светот во супертешка категорија - Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд.
„Американците предложија еден таков меч да организираме во Москва“, ги пренесува интернет-страницата "Life News" зборовите на Рјабински. „Разговаравме со нивните менаџери и дознавме дека двајцата боксери сакаат повторно да ги вкрстат ракавиците. Ќе ни требаат два до три месеца за да се подготвиме, така што мечот меѓу Тајсон и Холифилд треба да го очекуваме кон почетокот на летото.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче