Северноатлантската алијанса започна со најголемата воена вежба во последниве десет години. Оваа вежба се одржува во Полска и балтичките земји со учество на единици од Украина, Македонија. Шведска и Финска, и носи назив "Steadfast Jazz".
Во вежбата се ангажирани преку 6.000 војници, околу 350 оклопни возила, 57 борбени авиони и хеликоптери, како и 11 бродови и 2 подморници.
Сценариото на главната активна фаза на маневрите предвидува одбивање на странската инвазија на територијата на балтичките земји. Летонија, Литванија и Естонија не наведуваат која земја е земена како агресор, но од нивните соседи во маневрите не учествуваат само Русија и Белорусија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче