Се одржа врачување на премијата Rusnanoprize 2013, пренесува „Газета.ру“.
Претседателот на „Роснано“, Анатолиј Чубајс и професорот на Институтот за нанотехнологии при Истражувачкиот центар Карлсруе, Герберт Глајтер, ја врачија годишната премија Rusnanoprize на почесниот професор на Технолошкиот институт во Масачусец (МИТ), Роберт Лангерн, како и на професорот од Харвардската медицинска школа, Омид Фарокзад за создавање на технологии за примена на наночестичките во медицината.
Лауреат на премијата за комерцијална разработка стана американската компанија Bind Therapeutics Inc.
Академикот на РАН, доктор по физико-математички науки, Михаил Алфимов, ја врачи Руската премија за млади во областа на наноиндустријата на наставникот од Уралскиот федерален универзитет, Александар Корсаков за разработката на нанокристални светилки.
Премијата Rusnanoprize е воведена во 2009 година од „Роснано“. Премијата секоја година се доделува на истражувачи, создавачи на нови технологии кои се автори на научно-технолошки новитети во областа на нанотехнологијата, како и на компании со годишен обем на средства не помал од 10 милиони долари, а кои имаат имплементирано нанотехнологии во сериското производство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче