Рускиот научно-истражувачки брод „Академик Фјодоров“ во петокот тргна во експедиција на Антарктикот. На него патуваат 70 членови на екипажот и 81 член на Руската антарктичка експедиција.
Научниците ќе продолжат со работата врз дупчењето на антарктичката научна станица Восток, од длабочина од 3.543 метри до 3.750 метри. Експедицијата исто така ја очекува работа околу собирањето на примероци на вселенска прашина во периодот кога недалеку од Земјата ќе помине „опашот“ на кометата ИСОН во декември 2013 - јануари 2014.
Ќе бидат реализирани 10 заеднички програми со антарктичките експедиции од Австралија, Белорусија, Германија, Република Кореја, САД и Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче