Москва и Токио се договорија за неопходноста за спроведување на заеднички вежби, а исто така и за почеток на консултации за проблемот околу сајбер-безбедноста, пренесе шефот на МНР на Јапонија, Фумио Кишида.
„Ние дојдовме до заедничко мислење за тоа дека ни е потребен нов пат на соработка. За Јапонија големо значење има безбедноста на морето и постигнување согласност за изведување на нови, заеднички вежби против тероризмот и пиратството“, ги пренесува РИА Новости зборовите на министерот за надворешни работи на Јапонија.
Од своја страна шефот на руското МНР, Сергеј Лавров, додаде дека во сферата на борбата со модерните опасности, Москва и Токио се договориле да создадат одделен механизам за консултација меѓу експертите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче