Депортираните лица од Русија не ќе можат повторно да добијат државјанство

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон за забрана за давање државјанство на лицата кои биле депортирани од територијата на Руската Федерација. Ова во неделата го објави „Интерфакс“.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон за забрана за давање државјанство на лицата кои биле депортирани од територијата на Руската Федерација. Ова во неделата го објави „Интерфакс“.

Согласно законодавството, депортираните лица во следните пет години не ќе имаат право да поднесат барање за доделување државјанство. Сепак, лицата кои биле депортирани врз основа на меѓународни договори - имаат право да поднесат такво барање.

Новиот закон беше донесен од Думата на 25 октомври и одобрен од Советот на Федерацијата на 30 октомври. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња