Во новите лични карти и пасоши на Русите ќе биде отпечатена химната на Руската Федерација

Депутатот на Државната дума од Либерално-демократската партија на Русија, Михаил Дегтарев, испрати писмо до премиерот на Русија со предлог да се промени дизајнот на личните карти и пасошите на Русите, со тоа што на нивните страници ќе се најде и химната и информации за историјата на Русија.

Депутатот објаснува дека ова треба да се направи со цел подобро патриотско воспитување на граѓаните на Руската Федерација.

Се предлага печатење на државната химна на Русија, графички прикази на случувањата од Руската империја, СССР и современа Русија на секоја страница од пасошите и личните карти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.