Во Русија се подготвува нов законски проект, според кој ќе се казнува за користење на разни гаџети зад воланите, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Вјачеслав Лисаков, заменик претседател на комитетот за уставно законодавство.
„Следната година повнимателно ќе го разгледам ова прашање, ќе се запознам со него и ќе внесеме поправки. Треба да се забранат не само разговорите на телефон, туку и било какво користење на телефонот и другите гаџети зад воланот“, подвлече Лисаков.
Парламентарецот смета дека треба да се казнува не само читањето СМС пораки зад волан, туку и праќањето на кратки пораки во социјалните мрежи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче