Рускиот премиер ја следи на Фејсбук работата на своите колеги

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ја следи на Фејсбук работата на колегите. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова го изјавил за време на форумот „Отворени иновации“.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека ја следи на Фејсбук работата на колегите. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова го изјавил за време на форумот „Отворени иновации“.

Медведев ги чита пораките на финскиот колега Јурки Карајнен. „Јас гледам што прави тој. Не многу често мојот колега од Финска дава информација за својата работа. Јас тоа почесто го правам“, изјави Медведев и се насмеа.

Освен тоа, шефот на кабинетот на министри изјави дека уште пред 10 години никој не претпоставувал како ќе влијаат социјалните мрежи врз политиката. „На почеток сите сметаа дека тоа е некаков вид забава за младите: си пишуваат еден на друг секакви нешта, ништо страшно во тоа нема, нека се забавуваат... А излезе дека воопшто не е тоа така“, изјави Медведев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња