Министерот за комуникација и врски на Русија, Николај Никифоров изјави дека рускиот јазик станал втор според популарноста на Интернет. Како што пренесува ИТАР-ТАСС, ова министерот го изјави за време на меѓународниот форум „Отворени иновации“.
Според него, Русија го зазела петтото место во светот и првото место во Европа според бројот на корисници на Интернет.
„Притоа бројот на корисници кои го знаат рускиот јазик во светот е толку голем, што нашиот мајчин јазик е втор според популарноста во светската мрежа“, забележа раководителот на Министерството за комуникација и врски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче