Министерот за надворешни работи на Холандија изјави дека Русија и Холандија водат „неофицијални преговори“ за ослободувањето на активистите на Гринпис. Ова го пренесува NL Times.
„Ние водиме неформални преговори. Решението не значи дека ќе биде донесено на суд“, изјави министерот Франс Тимерманс, настапувајќи пред пратениците на холандскиот парламент.
Шефот на рускиот МНР, Сергеј Лавров, не даде никакви подробности за преговорите „за да не ги стави истите во опасност од прекин“.
Тимерманс изјави дека на 21 ноември очекува да добие решение од Меѓународниот суд на ООН за прашањето околу активистите на Гринпис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче