Владимир Путин предложи во наредните година дена да се воведе мораториум на носењето одлука поврзана за имотот на Руската академија на науки (РАН) и за кадровските решенија во неа, пренесува РИА Новости.
Претседателот Путин смета дека во текот на овие година дена Федералната агенција за научни организации, основана кон крајот на септември и во чија надлежност ќе биде РАН, ќе може „етапно да го решава ова прашање“, да пронајде најдобар начин за располагање со имотот на РАН и да одреди кој дел од имотот може „да има поинаква намена“. „Во наредните година дена не смеат да се носат избрзани одлуки кои би можеле да донесат дополнителна штета“.
Претседателот не прецизираше детали за мораториумот и точна дата за негово воведување. Реформата на РАН започна кон крајот на септември, веднаш после стапувањето во сила на законот за реформи на државната академија на науки. Со закон е предвидено обединување на трите досегашни академии (Руската академија на науки, Руската академија на медицински науки и Руската академија на земјоделски науки) во една институција и преминување на имотот на РАН во надлежност на Федералната агенција за научни организации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче