Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин го отпушти префектот на Јужниот округ на Москва, Георгиј Смолеевски, како и началникот на управата на реонот Западно Бирјуљово, Виктор Легавин.
„Донесов одлука да се промени префектот на Јужниот округ и началникот на управата на Западно Бирјуљово. Префектот на Јужноисточниот округ е укорен. Ве молам да следите што се случува на вашата територија, вклучете ги потребните правосудни органи, како и контролните органи во случај на откривање на масовно кршење на законот, и да ме известувате“, изјави Собјанин на седницата на градската влада во вторникот.
Сергеј Собјанин додаде дека префектите и началниците на управите на московските реони мораат да преземат лична одговорност за масовните кршења на законите на териториите под нивна контрола.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче