Депутатите на Дагестан и Кабардино-Бакларија бараат да се лиши од парламентарниот мандат лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски и да одговара за исказите за Северен Кавказ кој тој ги изјавил во програмата „Дуел“. Поради скандалот отказ даде шефот на одделението на ЛДПР во Чеченија.
Експертите сметаат дека има мала веројатност Жириновски да се откаже од мандатот, а скандалот оди само во корист на политиката на Кремљ.
Во четвртокот депутатите од парламентот во Република Дагестан пренесоа порака до претседателот Путин, претседателот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко и претседателот на Државната дума, Сергеј Наришкин со молба да му се одземе мандатот на Владимир Жириновски од долниот дом на рускиот парламент.
„Ние, депутатите на Народното собрание на Дагестан, од името на сите жители на републиката бараме да се осудат антидржавните, националистичките изјави и дејства на провокаторите - луѓе кои го рушат единството на Русија“, гласи дел од пораката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче