Министерството за економски развој очекува забележително подобрување на показателите во индустријата, инвестициите и БДП на Русија во четвртиот квартал, задржувајќи ги на исто ниво индикаторите и прогнозите за динамиката на раст на економијата на државата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјава на министерот за економија, Алексеј Улјукаев.
„Ми се чини дека статистички забележливо подобрување на показателите во индустриското производство, инвестициите и растот на БДП ќе имаме во четвртиот квартал“, изјави тој, додавајќи дека признаци за неговите очекувања се подобрените состојби во економијата во последниов период.
Улјукаев очекува годинава економијата на Русија да порасне за 1,8%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче