Медиуми: Грузија и триумфот на Владимир Путин

Завршувањето на епохата на Саакашвили во Грузија не може а да не го радува Владимир Путин. Тој не ѝ верува на Европа и постепено ја враќа сферата на влијание на Русија во таа област. Не само тоа, тој се стреми да создаде Евроазиска унија која ќе биде противтежа на Кина.

Владимир Путин ги има сите причини да биде радосен со последниве случувања. Победата на Георгиј Маргвелашвили на изборите за претседател на Грузија на 27 октомври стави крај на кариерата на Саакашвили, кој секогаш се трудеше да ја оддалечи државата од соседна Русија.

Двоен удар за Саакашвили, кој постојано беше мета на напади после кратката војна меѓу Русија и Грузија во август 2008 година, беше дополнителното оддалечување од Русија. Новиот претседател на Грузија е философ без искуство во политиката, а и помалку е познат во широката јавност. Но имено таков човек е потребен на неговиот покровител - премиерот на Грузија Бидзине Иванишвили, кој му го нанесе смртоносниот удар на Саакашвили. Имено Иванишвили за Кремљ е идеален поддржувач. Тоа е олигарх кој го заработил своето богатство во Русија, е најбогат човек во државата и поддржува прекрасни односи со руските колеги.

Затоа Путин ги има сите причини да слави. Тој повторно го враќа своето влијание во „изгубениот“ сосед на Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња