Во случај раководството на Азербејџан да донесе одлука повторно да воспостави јурисдикција над Нагорни Карабах со употреба на сила, постои можност руската воена база да стапи во воен конфликт, што би било во склад со обврските кои Русија ги презеде во рамките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност. Тоа во интервју за „Краснаја звезда“ го изјави полковникот Андреј Рузински, командант на 102 руска воена база, дислоцирана на територијата на Ерменија.
Според неговите зборови, воено-политичката состојба во зоната на одговорност на оваа база и понатаму е нестабилна. На ситуацијата влијае и факторот на дестабилизација, кој може да предизвика ескалација на судирите во регионот.
Нагорни Карабах (Арцах) е област на територијата на Азербејџан во која живеат Ерменци. Кон крајот на 80-те години меѓу Ерменија и Азербејџан започна воен конфликт кој во 1992 година прерасна во војна од пошироки размери. Конфликтот заврши во 1994 година. Нагорни Карабах денес е независна територија која се наоѓа под контрола над Азербејџан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче