Во Новосибирск од 14 до 15 ноември ќе се одржи Меѓународен форум на технолошки развој

Работата на форумот ќе биде организирана во четири тематски правци: „Клучните технологии и технолошкиот развиј“, „Побарувачката за технологии: политика на стимулирање“, „Технолошкото лидерство и новото раководство“ и „Реформаторските технологии: инфраструктура на развојот“.

Современата економија се одликува со голема глобализација. На прв план се наоѓаат земјите кои вложуваат во квалитетот на човековиот капитал и развиваат сопствена инвестициска клима. Земајќи го предвид темпото на интеграциите на Русија во системот на светската поделба на трудот, исто како и ниската конкурентност на традиционалната тешка индустрија, извибањето на позицијата на лидер во новиот технолошки поредок претставува клучен предизвик за оваа земја. Затоа во 2013 година во Новосибирск ќе се одржи првиот Меѓународен форум за технолошки развој „Технопром-2013“.

Работата на форумот ќе биде организирана во четири тематски правци: „Клучните технологии и технолошкиот развиј“, „Побарувачката за технологии: политика на стимулирање“, „Технолошкото лидерство и новото раководство“ и „Реформаторските технологии: инфраструктура на развојот“. За време на форумот ќе биде одржана и тематска изложба на идустриски фабрии и иновациски компании.

Главни партнери на форумот се Владата на Русија, Државната дума, Федералното собрание на Русија, Министерството за индустрија и трговија на Русија, Фондот за перспективни истражувања на Русија, Агенцијата за стратешки иницијативи во промовирањето на нови проекти, Асоцијацијата за иновациски региони на Русија и Асоцијацијата на технички универзитети, како и Руската академија на науки. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња