Руското историско друштво ја претстави концепцијата на новиот наставно-методски пристап при проучувањето на националната историја, врз основа на кој ќе се пишуваат училишните учебници. Подготовката на концепцијата ја нагледуваше и претседателот на Државната дума и претседател на Руското историско друштво, Сергеј Наришкин.
„Новата концепција за предавање на руската историја претставува резултат на широк општествен консензус“ изјави Сергеј Наришкин ма проширената седница на Советот.
Во рамките на оваа концепција се набројани и барањата кои треба да ги исполнат новите учебници. Акцентот ќе биде ставен на колективното јунаштво во ослободувачките војни, најмногу во татковинските војни од 1812 година и 1941-1945 година. Обемот на материјалот за историјата на народот на Русија ќе биде проширен, а акцент ќе биде ставен на заемната поврзаност меѓу културата и религијата. Ќе бидат додадени и теми кои се поврзани со историското искуство на граѓанската активност и локалната самоуправа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче