Претседателот на Русија, Владимир Путин спроведе ненајавена проверка на нуклеарните сили, пренесе агенцијата ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков.
Песков истакна дека во текот на воените вежби балистичките ракети успешно биле лансирани и дека сите цели биле погодени. Според неговите зборови, за време на вонредните вежби, освен нуклеарните сили, учествувала и морнарицата, авијацијата и единиците на воздушно-космичката одбрана.
Вонредните проверки во последно време во Русија се одржуваат релативно често. Со нивна помош властите сакаат да ја зголемат борбената готовност на вооружените сили. Прва проверка од ваков вид претседателот на Русија спроведе оваа пролет во Јужниот воен округ во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче