Шефот на комисија на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Жан-Клод Кили во интервју за весникот “Le dauphine” изјави дека Русите „завршиле огромна работа“ и дека Русија е веќе подготвена за претстојната Олимпијада. „Неопходните објекти се веќе изградени, освен објектите за телевизиското емитување на спортските случувања низ целиот свет, а исто така треба да се доврши изградбата на еден или два хотела“, објасни тој.
Коментирајќи го соопштението за случаите на корупција за време на изградбата на олимписките објекти во Сочи, Кили нагласи дека „корупцијата не ја измислиле ниту Русите, ниту МОК, туку таа е дел од човековата природа“. „Во реализацијата не секој голем проект има и корупција. Дали во Русија е повеќе присутна? Тоа не можам да кажам“, истакна шефот на комисијата на МОК.
„Тоа е чекор нанапред, откритие. Оваа земја е на пат кон демократијата која ја прокламираше Владимир Путин. Јас нема основа да го критикувам. Тој се покажа како новатор. Наидов на човек кој е воодушевен од Олимписките игри и е поврзан со спортот“, заклучи Кили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче