Министерството за образование на Омската област ја забрани прославата на Ноќта на вештерките во своите училишта. Оваа забрана Министерството ја објави на својата интернет-страница. Во официјалното соопштение Ноќта на вештерките се опишува како празник кој поттикнува формирање на екстремистички ставови кај младите. Министерството исто така се повикува на истражување кое е спроведено од Институтот за педагошки иновации при Руската академија за образование, според кое мистичните елементи на овој празник и „промоцијата на култот на смртта“ можат да имаат погубно влијание врз психичкото здравје на учениците.
Министерот за образование во областа, Сергеј Алексеев, во писмото кое го примија сите училишни управи истакна дека училишните манифестации треба да бидат во склад со „основните културни вредности на народот на Русија“. Алексеев вети дека поради тоа, содржината на сите прослави во образовните установи ќе биде построго регулирана.
Жителите на уште неколку региони во Русија исто така апелираа да се забрани прославата на Ноќта на вештерките.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче