Дела на тројца режисери довија награди на VI Меѓународен фестивал за анимација во градот Бања Лука, се пренесува на интернет-страницата на фестивалот.
Делото на режисерот Иван Максимов – „Долг мост во правилен правец“ доби награда за анимциска техника. Анимираниот филм „Навреда“ од Ана Буданова е награден со специјалната награда на жирито. За најдобар детски анимиран филм е прогласен „Мојата мајка е авион“ на Јулија Аронова.
Конкуренција на руските анимирани филмови беа 41 дело, а дополнително беа претставени и 12 анимирани филмови за деца. Гран-при на фестивалот доби аргентинскиот режисер Сантјаго Грасо за филмот „Татко“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче