Руската воена авијација изврши вежба над водите на Карипското море и Тихиот океан. Како што е соопштено на конференцијата на печатот при Министерството за одбрана, два стратешки бомбардера – носачи на ракети Ту-160 полетале од авиобазата „Енгелс“ кон аеродромот „Мајкетиј“ во Венецуела. Авионите прелетале повеќе од 10.000 километри за околу 13 часови.
Како што прецизира ИТАР-ТАСС, екипажите на двата бомбардера го извршиле летот во согласност со планот за борбена обука на Стратешката авијација.
Овие авиони во 2010 година поставија рекорд во должина и траење на лет – 24 часа и 24 минути.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче