Путин – највлијателен човек во светот според „Форбс“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се најде на чело на ранг-листата на највлијателните луѓе во светот за 2013 година според верзијата на списанието „Форбс“, потиснувајќи го Обама од првото место. На третото место на ранг-листата за 2013 година се најде претседателот на комунистичката партија на Народна Република Кина – Си Џинпин. Во првите десет се најдоа и римскиот папа и германската канцеларка, Ангела Меркел.

На оваа ранг листа се наоѓаат вкупно 72 луѓе. Меѓу нив се најде и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев (52 место), претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин (60 место) и најбогатиот Русин според – Алишер Усманов (63 место).

„Форбс“ ја оценува влијателноста според четири показатели – бројот на луѓе врз кои одредени личности имаат влијание, обемот на финансиски ресурси со кои располагаат и кои ги контролираат, како и зачестеното демонстрирање власт.

Рускиот претседател Путин собра најголем број поени во 2013, најмногу поради тоа што ја покажуваше силата на својата земја на светската арена, особено кога ќе се земе предвид Едвард Сноуден и разобличувањето на Американската национална безбедноста агенција, како и неодамнешната „шаховска партија“ околу Сирија, пишува Форбс. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња