Поранешниот претседател на Латвија: Латвијците се егоистични кон Русите

Латвијците направија емоционални и тактички грешки и покажаа егоизам кон руското национално малцинство, кои сочинуваат 27% од населението на Латвија, и околу 40% од населението во главниот град Рига. Ова е мислењето на поранешниот летонски претседател, Гунтис Улманис во интервју за локалниот весник „Диена“.

„Односите со Русија и руската национална заедница во Латвија треба да видат поинакви. Да не ги направевме емоционалните и тактичките грешки и да не бевме егоистични кон руското национално малцинство, денес немаше да има толкава разлика помеѓу Русите во Рига и во останатите делови на Латвија. Мораме да водиме сметка за достоинството на руското национално малцинство“, напомна Улманс.

Дискриминацијата на Русите во Латвија започна во 90-те години. Многу од нив сѐ уште немаат официјален статус на полноправни граѓани, па затоа немаат ни избирачко право и не можат да вршат државни функции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња