Легендарната шкотска рок-група Nazareth ги откажа концертите во Русија поради тоа што музичарите не пронајдоа нов солист, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на агентот на групата.
„Групата соопшти дека до крајот на оваа година нема да имаат ниту еден концерт поради тоа што не можат да најдат солист. Ние сфаќаме дека без солист нема смисла да се презема ништо, и затоа се договоривме со градовите каде требаше да се одржат концертите целосно да се откаже програмата“, додаде агентот.
Претходно беше кажано дека вториот дел од концертната тура на Nazareth ќе се изврши и покрај заминувањето на солистот Ден Мекферти.
Турата низ Русија требаше да започне со концерт во Воронеж, па во Минск, Нижни Новгород, Иваново, Јарослав, Архангелск, Новосибирск, Томск, Краснојарск, Мурманск, Белгород, Тула, Ростов-на-Дон, Сочи, Сиктиквар, Киров, а последниот концерт требаше да се одржи на 20 декември во Улјановск.
За прв пат Nazareth гостуваа во Русија во 1990 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче