Пилотите од авионите-ловци во Источниот воен округ (ВВО) на Русија, на вежбите со ракетите „воздух-воздух“ гаѓаа мети - авио-бомби на симулиран непријател, соопштено не на конференцијата за печатот на ВВО.
„Во авио-базата на ВВО во Приморскиот крај е одржан специјален тренинг на пилотите на авионите-ловци со практична примена на наведуваното вооружување. Пилотите, прво теоретски, а потоа и практично, ги вежбаа вештините за водење на воздушна битка со користење на наведувани ракети „воздух-воздух“. Како мети во праксата се користени светлечки авио-бомби. Вежбите за гаѓање се изедувани како дење, така и ноќе“, се наведува во соопштението.
Во тренирањето учествуваа пилоти од ловците Су-27 и МиГ-31 од авио-базите на Источниот воен округ во Приморскиот и Хабаровскиот крај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче