Повторно започна со работа рускиот аеродром „Темп“ на Арктикот

Министерството за одбрана на Русија го реновираше аеродромот „Темп“ на арктичкиот остроv Котељни, изјави заменикот министер за одбрана, Арјадиј Бахин, чии зборови ги пренесува „Интерфакс“

Министерството за одбрана на Русија го реновираше аеродромот „Темп“ на арктичкиот остроv Котељни, изјави заменикот министер за одбрана, Арјадиј Бахин, чии зборови ги пренесува „Интерфакс“. Утрото на арктичкиот аеродром слета авионот Ан-72, во кој се наоѓаат членови на работна група од Министерството за одбрана. Според зборовите на заменикот министер, „Темп“ е веќе подготвен да ги прими авионите Ан-72, додека за другите видови авиони пистата ќе биде продолжена.

Аеродромот „Темп“ работи од 1949 година, но во почетокот на 90-те беше затворен поради прекин на истражувањата на Арктикот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.