Владата на САД изјави дека речиси половина од нуклеарното гориво кое денес го користат американските нуклеарни централи е добиено од руските боеви глави, пренесува американското списание "The Strategy Page". Според податоците со кои располага списанието, производството на електрична енергија од руско гориво веќе зазема 10% од вкупното производство на електрична енергија во САД.
Ова е последица на нуклеарното разоружување и „заедничките напори на САД, Русија и поранешните земји од Советскиот Сојуз во правец на собирање и деактивирање или уништување на илјадници нуклеарни боеви глави“, наведува списанието. Договорот за ова Москва и Вашингтон го потпишаа во деведесеттите. Во рамките на оваа програма се ликвидирани околу 20.000 советски боеви глави. Голем дел од нивниот радиоактивен полнеж се преработува во нуклеарно гориво и се продава на САД. До крајот на 2013 година Русија на САД ќе им испорача 500 тони гориво кое е добиено на ваков начин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче