Лавров: Москва се надева на пријателска политика од страна на новите грузиски власти

Москва се надева на пријателска политика од страна на новите грузиски власти кон Русија, изјави шефот на руското МНР, Сергеј Лавров.

Москва се надева на пријателска политика од страна на новите грузиски власти кон Русија, изјави шефот на руското МНР, Сергеј Лавров.

„На грузискиот народ му посакуваме пред сѐ да се занимава со сите организациски работи околу создавањето на новите органи на власта, и се надеваме дека во односот кон Русија тие власти ќе спроведуваат пријателска, добрососедска политика, и дека ќе се земе предвид современата ситуација во тој комплициран регион“, изјави министерот за новинарите.

Во Грузија на 27 октомври беа одржани претседателски избори. Според резултатите добиени со прегледани 97,09% од ливчињата, води кандидатот на владејачката коалиција „Грузиски сон“, Георгиј Маргвелашили, кој освои 62,1% од гласовите. Неговиот противник од партијата на актуелниот претседател Саакашвили го зазема второто место. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња