Кабинетот на министри на Русија го одобри основањето на совет за популаризација на рускиот јазик

На седницата одржана во петокот, Кабинетот на министри на Русија одобри основање на совет за прашања за популаризација на рускиот јазик, соопштено е на интернет-страницата на кабинетот на 28 октомври.

„Советот е советодавен орган чии задачи ќе бидат разгледување на клучните прашања во областа на државната поддршка во развојот на рускиот јазик и изработка на предлог за усовршување на државната политика во таа сфера“, прецизирано е во владата.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во 2012 именуваше управен одбор при фондот „Руски свет“, кој се занимава со популаризација на рускиот јазик и култура. Премиерот Дмитриј Медведев повеќе пати изјавуваше дека просторот на руската култура и јазик мора максимално да се проширува на сите можни начини. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња