Германските истражни органи би можеле да го сослушаат Едвард Сноуден во Русија поради прислушувањето на телефонот на Ангела Меркел. Ова го изјави министерот за внатрешни работи на Германија, Ханс Петер Фридрих на телевизискиот канал N24.
Германската министерка за правда, Сабина Лојтхојсер Шнаренбергер изјави дека минатиот викенд дека поранешниот соработник на ЦИА може да биде сослушан како сведок. Според нејзините зборови, сојузното обвинителство на Германија треба да размисли за ова доколку извештаите за прислушувањето се покаже дека се точни.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче