Најголемо социјално раслојување во Русија има во Тува, Дагестан, Москва и Чеченија, сведочат податоците на истражувањето на РИА „Рејтинг“ кои ги пренесува „Прајм“. Како критериум е користена големината на платите.
За пресметување е користен и коефициентот Gini, кој покажува во која мера се распределени доходите кај различни групи население. Овој коефициент се мери од 0% (сите граѓани во регионот добиваат еднаква плата) до 100% (максимална социјална нееднаквост).
Најголем степен на финансиска еднаквост е забележан во Белогородската област, каде Gini индексот изнесува 29%, што е помалку дури и од Холандија, Шпанија или Канада.
Во исто време, во Тува (38,5%), Дагестан (38,6%), Москва (39,3%) и Чеченија (40,1%) - показателот се наоѓа на исто ниво како и во САД. Генерално земено, социјалната нееднаквост во Русија може да се мери со нивото во Јапонија и Португалија (37,7%).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче