Во САД излезе книга за сексуалниот живот на познатиот руски бас Фјодор Шалјапин

Во САД пред католичкиот Божиќ ќе излезе од печат книгата на Јосиф Дарски, американскиот истражувач на творештвото на најголемиот руски оперски пејач – Фјодор Шалјапин. Таа носи интересен назив – „Пејачот и сексот. Жените во животот на Фјодор Иванович Шалјапин.“

Авторот во книгата, сепак, нема да ги опфати интимните подробности на личниот живот на познатиот бас, туку спротивно на тоа – ќе се обиде да ги објасни публикациите во медиумите за неговиот „аморален начин на живот.“

„Тие измислици воопшто не одговараат со реалноста, непотребно го зацрнуваат името на најдобриот солист на Метрополитен, Бољшој и Маринскиот театар, и во целина наштетуваат на светската култура“, изјави авторот на книгата која ќе има 170 страници, а ќе биде спроведена заедно со 40 уникатни фотографии. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња