Во Русија има дефицит на новите iPhone телефони

Препродавачот re:Store ги распродаде речиси сите модели на новите iPhone 5s, изјави за „Газета.Ру“ претставник на компанијата.

Препродавачот re:Store ги распродаде речиси сите модели на новите iPhone 5s, изјави за „Газета.Ру“ претставник на компанијата. „Првата партија од новите телефони е распродадена речиси целосно. Следната пратка ја очекуваме за една недела“. изјави Људмила Семушина. Притоа, поевтиниот модел iPhone 5c сѐ уште го има во продажба, бидејќи истиот е помалку популарен.

Дефицит се забележува и во продавниците на „Евросет“.

Моделите iPhone5s, iPhone 5c беа претставени на јавноста на 10 септември 2013 година, а меѓународните продажби започнаа на 20 септември. Во Русија официјалната продажба покажа број од 15.000 продадени телефони, додека на „црниот пазар“ е реализирана продажба на околу 40.000 телефони од овие модели. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња