Ураганот кој го погоди западниот дел на Европа надоаѓа кон северозападот на Русија. Министерството за вонредни состојби издаде предупредување во Санкт Петербург поради силниот ветер и можниот раст на нивото на водата во Нева за повеќе од два метра. Регионалните хидрометеоролошки центри предупредуваат за можни поплави.
Во Министерството за вонредни состојби кажуваат дека брзината на ветерот може да достигне и 100 километри на час. Посебна опасност за луѓето во тие услови претставуваат големите рекламни паноа и високите дрвја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче