Русија нема да ги признае резултатите од локалните избори на Косово

Русија нема да ги признае резултатите од локалните избори на Косово, бидејќи Република Косово не постои, изјави заменикот раководител на фракцијата Праведна Русија, Михаил Емелјанов за време на средбата со претставниците на привременото собрание на автономната покраина Косово.

Русија нема да ги признае резултатите од локалните избори на Косово, бидејќи Република Косово не постои, изјави заменикот раководител на фракцијата „Праведна Русија“, Михаил Емелјанов за време на средбата со претставниците на привременото собрание на автономната покраина Косово.

Според неговите зборови, на седницата на Думата која ќе се одржи на 12 ноември „Праведна Русија“ ќе го истакне предлогот за проект-резолуцијата, со која ќе се осуди одржувањето на нелегитимни избори во покраината. Патриотските сили на Русија сфаќаат дека кога Србите се борат за територијалниот интегритет на земјата, се борат и за Русија, изјави Емелјанов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња